Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и манекенката Никола Пелц, уште еднаш ја подигнаа својата врска на повисоко ниво. Младиот пар неодамна купи куќа и ја одбележа годишнината од свршувачката.
Тие купија вила во Беверли Хилс за повеќе од 10 милиони долари. Луксузната зграда, која има околу 650 квадратни метри, се наоѓа недалеку од местото каде што живееше семејството на Бруклин пред неколку години, кога Дејвид играше за Лос Анџелес Галакси.
View this post on Instagram
Според записите за недвижнини, вилата е изградена минатата година и има пет спални соби, луксузна кујна, базен, спа центар, винарска визба и многу повеќе.
Исто така, нивниот нов дом нуди поглед на Холивуд Хилс и Лос Анџелес.
Бруклин и неговата свршеница Никола се огласија на својот Инстаграм профил и си ја честитаа годишнината од свршувачката.
View this post on Instagram
– Пред точно една година, ја замолив оваа прекрасна жена да се омажи за мене. Таа ме прави подобра личност секој ден и е моја најдобра пријателка. Не можам да го замислам мојот живот без тебе затоа што постојано ме тераш да се смеам – напиша тој на својот Инстаграм профил.
„Те сакам многу, душо“, одговори таа.
View this post on Instagram