Неславното видео на лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, покажува како тој пуши дрога и пие алкохол додека лежи гол во када.
Ова се случувало за време на програма за детоксикација во бањата што ја платил неговиот татко.
Синот на претседателот (52) се „бањал“ на зелено светло, се снимал како лежи гол на грб во водата, а потоа се допира во шокантното видео, кое било преземено од неговиот лаптоп.
На видеото се гледа и како тој наводно пали џоинт, а потоа пие од конзерва.
Во еден момент се приближува до камерата и гледа директно во неа, додека музиката тивко свири во позадина.
Извештаите до кои дојде Дејли Мејл потврдуваат дека видеото со Хантер е снимено во велнес центар во Масачусетс, каде Хантер закажал терапија на 30 јануари 2019 година.
Тој бил охрабрен од еден пријател да ја посети бањата, а Хантер му се обратил за помош во борбата против дрогата.
Hunter Biden is seen filming himself smoking drugs and fondling himself inside a sensory deprivation tank – during a detox program funded by his dad Joe https://t.co/FAEtd5mGO1
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 7, 2022
Само еден месец претходно, во декември 2018 година, Хантер му пишал на својот татко и се пожалил дека нема доволно пари за тој третман покрај сите сметки што ги плаќал и издршката.
„Дали е можно да ми дадеш уште еден краткорочен заем и ќе ти вратам најдоцна во рок од 10 дена“, напишал Хантер.
„Навистина ми е непријатно да те прашам и знам дека е неправедно од моја страна да те ставам во таа позиција“, рекол тој.
Татко му одговорил дека нема проблем, а потоа во друга порака рекол дека му испратил 75.000 долари.
#EXCLUSIVE: Hunter Biden filmed himself taking ‘drugs’ and drinking during detox https://t.co/Q4puFC1n0H
— The US Sun (@TheSunUS) July 11, 2022
Непосредно пред Нова Година, Хантер му испратил порака на својот татко убедувајќи го да финансира тримесечна програма од 20.000 долари во установа за детоксикација во Њујорк.
Неговиот татко му се јавил на 2 јануари и му рекол дека ќе го извести кога ќе помине трансферот на пари.
Сепак, видеата на Хантер од мобилниот телефон подоцна ќе покажат дека тој отишол во велнес центар во Масачусетс подоцна истиот месец.
Видеото и соодветните пораки се најновиот инкриминирачки материјал што е изваден од таканаречениот „лаптоп од пеколот“ на Хантер.
Во неколку други пораки кои се пронајдени, Хантер се фали дека неговиот татко го плаќа целото лекување.
Нема сугестии дека персоналот во велнес центарот знаел за злоупотребата на дрога на Хантер или дека некој знаел дека таткото на пет деца имал намера да лежи гол и сам за време на третманот во резервоарот за сензорна депривација. Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Најновото видео кое го компромитира Хантер доаѓа неколку недели откако Дејли Мејл откри дека и покрај неговите негирања, Џо Бајден разговарал со својот син за неговите сомнителни зделки во странство.
Говорните пораки објавени во документите на Хантер потврдуваат дека Бајден му се јавил на Хантер на 12 декември 2018 година, велејќи му дека треба да разговараат за извештајот на Њујорк Тајмс кој го поврзува Хантер со кинескиот нафтен гигант ЦЕФЦ.