Синоќа руските сили 200 пати ја гаѓале областа Запорожје, едно дете е повредено

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта руските сили извршија 200 удари врз девет населени места во областа Запорожје, соопшти шефот на Регионалната воена управа Иван Федоров.

Loading...

Според него, на ова подрачје биле истрелани 107 беспилотни летала и 88 артилериски гранати, а оштетени се десетина станбени згради и инфраструктурни објекти.

Федоров истакна дека десетици „шахирани“ дронови го гаѓале Запорожје во текот на ноќта, пренесува Укринформ.

„Едно дете е повредено, а како што информираат од Здравствената служба се работи за тринаесетгодишно момче. Лекарите укажале помош на лице место. Не беше потребна хоспитализација“, истакна Федоров.