Сингапур им забрани доаѓање на работните места на невакцинираните

Сподели со своите пријатели

Сингапур, една од земјите со највисока стапка на вакцинација против Ковид, донесе нови мерки насочени кон невакцинираните.

Loading...

Сингапур официјално им забрани на невакцинираните лица да доаѓаат на работа и го укина претходното правило според кое тие можеа да работат во канцеларија со негативен резултат од тестот за коронавирус.

Според RT, забраната стапи на сила во саботата како дел од таканаречената „втора фаза“ од борбата против пандемијата, што значи дека невакцинираните работници чии работодавци не можат да им овозможат да работат од дома, наскоро може да очекуваат отпуштања.

Од сабота на своите работни места можат да се вратат само целосно вакцинираните вработени, оние со лекарска потврда дека не смеат да се вакцинираат или оние кои биле заразени во изминатите 180 дена, соопшти Министерството за труд.

Министерството предупредува дека на невакцинираните лица кои не спаѓаат во овие три категории им е забрането да се вратат на работа дури и ако имаат негативен тест.

На работодавачите им е препорачано да ги прераспределат сите такви вработени на позиции од кои можат да ги извршуваат работните задачи од дома или да ги испратат на неплатени одмори.

Доколку компанијата заклучи дека не можат да организираат работа од дома, дозволено е отпуштање на невакцинирани работници без отпремнина или страв од тужба, соопшти Владата.

Оние кои примиле само една доза од вакцината можат да дојдат на работа до 31 јануари со негативен тест, но потоа ќе се сметаат за невакцинирани.

Loading...

На невакцинираните луѓе во Сингапур одредено време им е забранет влез во ресторани и бројни продавници.

Во овој град – држава досега се вакцинирани 82,86 отсто од населението, што е една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Во декември, владата рече дека околу 52.000 вработени не биле вакцинирани и предупреди дека само „мал дел“ од нив имаат право на медицинско ослободување.