Синџирчиња, приврзоци и стакла со диоптер запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите четири седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани облека, украси, хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи, маслиново масло, суплементи, парфеми, хидраулично масло, користени велосипеди и тротинети, ароми за наргиле и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

При контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во торба сместена на креветот во кабината на возилото, биле пронајдени 2.000 синџирчиња и приврзоци (плетени алки и синџирчиња со крстови и икони, пластични и метални приврзоци за клучеви со икони, пластични алки и метални крстови).

Непријавените производи, како што информираат од Царинската управа се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Вкупно 68 стакла за очила со диоптер, марка Gross Optic и Zeiss SV, и 30 парчиња леќи за очи, марка Bausch+Lomb Pure Vision и Bausch+Lomb Soflens, биле откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на српски автобус кој сообраќал на релација Ниш – Скопје, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, според Управата, биле пронајдени во личниот багаж на вториот возач, исто така српски државјанин, се привремено задржани а против сопственикот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply