Син на висок украински функционер убиен во Виена: Студент го мачел и го запалил жив

Сподели со своите пријатели

Младиот Данило бил студент во Виена, а ноќта на 26 ноември, во виенскиот Донауштад бил пронајден изгорен Мерцедес, на чие задно седиште било телото на 21-годишникот.

Полицијата сега објави потресни детали за убиството.

Според нивните сознанија, младиот човек прво бил претепан од колега од колеџ во подземната гаража на хотелот Софител, а потоа префрлен во црниот Мерцедес на неговиот татко и таму бил мачен.

Само неколку часа подоцна, тој бил изгорен жив на задното седиште од автомобилот, објави Krone.at.

Неговото семејство долго време не можело да го контактира на мобилен телефон, што било невообичаено за млад човек опишан како секогаш учтив и пријателски расположен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина веќе ја изгуби војната, вели унгарскиот министер за одбрана

Семејството открило дека и крипто сметките на богатиот студент биле испразнети.

Уапсени двајца мажи

Според достапните информации, заменик-градоначалникот на Харков и целото семејство на убиениот пристигнале во Виена веднаш по пријавувањето на исчезнувањето.

Двајца осомничени, исто така Украинци (19, 45), беа уапсени минатата сабота во нивната татковина откако беше издадена меѓународна потерница.

Тие имале огромни суми пари со себе, што укажува дека веројатно брзо ги претвориле криптовалутите во готовина.

Истрагата продолжува.