Син на пратеник на Хезболах е убиен во израелски напад

Сподели со своите пријатели

Во израелски воздушен напад во јужен Либан доцна синоќа беше убиен, како што се верува, синот на лидерот на парламентарниот блок Хезболах, Мохамед Рад.

Loading...

Хезболах рано утринава објави дека се убиени пет борци на таа проиранска шиитска организација, меѓу кои и Абас Мухамед Рад. Локалните медиуми го идентификуваа како син на пратеник.

Либанскиот екстремистички Хезболах има политичко крило и пратеници во парламентот.

Државната Национална новинска агенција јави дека доцна синоќа во израелски воздушен напад врз куќа во Беит Јахун загинале четири лица, а едно лице е рането.

Израелската војска веднаш не ги коментираше извештаите за нападот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

Во средата, палестински Хамас објави дека Калил Караз, командантот на военото крило на организацијата во Либан, бил убиен во израелски напад еден ден претходно.

Во вторникот, двајца новинари на пан-арапскиот ТВ канал Ал Мајадин беа убиени во израелски воздушен напад додека известуваа од јужен Либан. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.

На границата меѓу Либан и Израел од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас секој ден избувнуваат судири меѓу израелските војници и Хезболах.

Loading...

Судирите главно се ограничени на граничната област, но ја зголемија загриженоста за поширока регионална војна.