Симулација на поплава со поголем број повредени и давеници утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Теренска симулациона вежба „Поплава со поголем број повредени и давеници“ утре во 12 часот ќе се одржи на улицата „Братство и единство“, на речното корито на реката Липковка во Куманово.

Организатор на вежбата е Министерството за здравство, а како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, целта е да се тестираат посебните Стандардни оперативни процедури од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи на Република Македонија и Планот за одговор при кризни состојби на Општа Болница Куманово.

Во вежбата ќе учествуваат: Итна медицинска помош Куманово, Општа Болница Куманово, Црвен Крст на Република Македонија, Територијална противпожарна единица Куманово, а во делот на надворешна меѓуинституционална и меѓуресорска координација учество во настанот ќе земат и Општина Куманово, Секторот за внатрешни работи, Регионалниот центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување и ХВО „Хера“.

Акцијата ќе ја набљудуваат канцеларијата на Светската здравствена организација од Скопје, Хаб за итни состојби на Балканот – „Balkan Emergency HUB“ и канцеларијата на УНФПА во Скопје

Leave a Reply