Една од главните туристички атракции на чешката престолнина, Прага, средновековниот астрономски часовник, денеска престана со работа во девет часот и се очекува повеќемесечна реставрација.

Властите во Прага велат дека часовникот, поставен на кулата на старото Градско собрание во 1410 година,ќе биде целосно расклопен и реставриран, што е прва голема поправка уште од Втората светска војна, пренесува АП.


