Силување во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 15,20 часот во Полициска станица – Старо Нагоричане, Ж.Д. (59) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 15,00 часот додека била сама во нејзината куќа во село во Општина Старо Нагоричане дошол Д.В. (42) и со употреба на физичка сила ја присилил на обљуба, вршејќи други полови дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово. Истиот ден околу 16,20 часот од страна на полициски службеници осомничениот бил пронајден и приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.