Силно невреме зафати делови од Полска и Чешка, има повредени

Сподели со своите пријатели

Силно невреме пропратено со град во саботата навечер погоди делови од Полска и Чешка, рушејќи дрвја и покриви од куќи, а пријавени се и неколку повредени.

Loading...

Во полската Померанија, историска област во северозападниот дел на земјата, која е свртена кон Балтичкото Море, седум лица, меѓу кои двајца пожарникари, се повредени во невремето, пренесува ПАП.

На селскиот пат во Чојница дрво паднало врз автомобил со пет лица, меѓу кои две деца.

Пожарникарите за 24 часа интервенирале дури 3.700 пати низ државата, а најголем дел од нив биле интервенции поради уништени покриви и паднати дрвја и два пожари предизвикани од гром.

Без струја во Полска останаа 125.000 домаќинства, а во Чешка 1.200.