Седум лица се повредени кога авион на Луфтханза кој летал над САД бил погоден од силни турбуленции.
Loading...
Авионот летал на релација Остин-Франкфурт, а турбуленциите започнале над американската сојузна држава Тенеси.
Седум лица се пренесени во болница, пренесува NBC News.
Авионот принудно слета на аеродромот Далис во предградието на Вашингтон во 21:12 часот по локално време, а Луфтханза допрва ќе го коментира настанот.
Секоја година во САД околу 65.000 авиони доживуваат умерени турбуленции, а околу 5.500 доживуваат тешки турбуленции.
Експертите очекуваат зголемување на овие инциденти бидејќи веруваат дека климатските промени ги менуваат воздушните турбуленции.