Силна вулканска ерупција во Индонезија!

Сподели со своите пријатели

Вулканот Мерапи во Индонезија денеска повторно еруптираше, принудувајќи ги локалните власти да ги запрат туристичките и рударските активности на падините на најактивниот вулкан во земјата.

Вулкан на густо населениот остров Јава почна да испушта облаци од врела пепел непосредно пред полноќ до раните утрински часови, а брзите пирокластични текови – мешавина од карпи, лава и гас – течеа по неговите падини до пет километри, пренесува АП.

 

Британија: Русија би можела да се подготвува за нов напад на Киев

 

– Тоа беше најголемиот проток на лава на планината Мерапи откако властите го подигнаа нивото на опасност во ноември 2020 година – рече Ханик Хумаида, раководител на индонезискиот центар за вулканологија и геолошки опасности во Џакарта.

Десетици лесни ерупции продолжија и вчера со река лава и блескави облаци од гас.

Нема информации за жртви.

 

Овој човек во рускиот напад останал без 11 члена на семејството, преживеале само тој и мачката (ФОТО)

 

„Околу 250 луѓе беа евакуирани во привремени засолништа, но тие се вратија на плодните падини на вулканот откако активноста престана“, рече Хумаида.

Денешната ерупција на вулканот исфрли столб од врели облаци кои се издигнаа 100 метри во воздухот, соопшти индонезискиот центар за истражување и развој на технологија за геолошки катастрофи.