Силна експлозија во Германија, властите предупредуваат: „Ситуацијата е екстремно опасна“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голема експлозија во германскиот град Леверкузен ги вознемири жителите и била толку моќна што се треселе куќи, пишуваат странските медиуми.

Веднаш по експлозијата, граѓаните преку апликација добиле предупредување да останат во своите куќи и да ги затворат прозорците и вратите бидејќи ситуацијата е „крајно опасна“ и да ги следат вестите на радио.

Експлозијата се случи во индустриската зона Чемпарк во Леверкузен, кај објектите на фармацевтскиот гигант Баер.

Според локалните медиуми, експлозијата се случила во согорувач на отпад во Буриг. Сите автопати во близина на Леверкузен се затворени, а на возачите им се препорачува да го обиколат градот низ широк лак.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Леверкузен кои покажуваат густ црн чад како се крева кон небото.

Огромен црн облак, наводно, можел да се види од Келн, кој е оддалечен околу 18 километри од Леверкузен.

Засега нема информации дали има повредени во експлозијата.

Радио Леверкузен известува дека експлозијата се случила во 9.30 часот и дека тие не можеле да испраќаат новинари на местото на несреќата, бидејќи сè уште не е познато дали има протекување на опасни хемикалии.

 

Leave a Reply