Три лица се повредени во експлозијата што се случи утринава во центарот на Мелитопол, град на југот на Украина под контрола на руските сили, пренесува РИА Новости.
Loading...
Автомобил паркиран во близина на една од зградите на градската управа е кренат во воздух, наведува агенцијата.
Владимир Рогов, член на главниот совет на воено-цивилната управа на областа Запорожје, претходно објави дека утрово во центарот на Мелитопол се случила силна експлозија.
Тој ја окарактеризира експлозијата како терористички напад и за тоа ја обвини украинската диверзантско-извидувачка група.
Loading...
Мелитопол е град на југот на Украина и е под контрола на руските сили.