Силна бура ги опустоши Словенија и Хрватска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ново невреме со грмотевици синоќа ја зафати Словенија и дел од Хрватска. Во Словенија падна град со големина на орев, а потоа падна и во делот на Загреб и во Вараждин.

Loading...

Невремето пристигна во западна Словенија од правец на Италија, придружено со силен ветер и град.

Невремето најпрвин ја зафати Горишка околу 21 часот, а потоа ја погоди централна и источна Словенија.

На социјалните мрежи се шири сцената од купот мраз кој остана по невремето со град во Словенија.

 

 

„Неверојатно. Словенија вечерва, градот Ренче, кај Нова Горица!“, стои во описот на фотографијата на Фејсбук.

Loading...

Потоа, нешто пред 23 часот, невремето стигна до границата со Хрватска кај Самоборските Планини, но за среќа, судејќи според радарските снимки, малку ослабна на патот кон Хрватска.

 

 

Град, придружен со бурни ветрови, падна не само во Вараждин, туку и во Истра, во областа Пореч и неговата околина.