Силен земјотрес во Турција: Урнати повеќе згради, повеќе повредени лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степени што ја погоди покраината Баликешир во западна Турција во недела навечер.

Loading...

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби објави дека епицентарот на земјотресот бил во округот Синдирги, на длабочина од 11 километри.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека нема извештаи за жртви, но дека неколку згради се урнале во Баликешир, пренесува Анадолија.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Невработените млади во Кина плаќаат за да седат и да се преправаат дека работат во канцеларија

Министерот за здравство Кемал Мемисоглу изјави дека четири лица се повредени и хоспитализирани, но дека нивните животи не се во опасност.

Земјотресот бил почувствуван и во Измир, Кутахја, Јалова, Истанбул, Маниса, Ушак, Ајдин, Ескишехир, Сакарја и Текирдаг.

Loading...

Гувернерот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека земјотресот бил почувствуван и во Измир, но дека не се откриени несакани настани.