Силен земјотрес во северна Италија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди северна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Loading...

Според Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), земјотресот се случил на 30 километри од селото Кастел Сан Пјетро Терме во областа Болоња, во регионот Емилија-Ромања.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.