СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПАКИСТАН: 22 мртви, над 300 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 22 лица загинаа, повеќе од 300 се повредени по земјотресот од 5,8 степени кој го погоди денес северниот дел на Пакистан, соопштија владини и полициски претставници.

Loading...

Фотографиите и видеата на локалните медиуми покажуваат десетици урнати згради и домови, пукнатини на патиштата што се доволно големи за да голтаат автомобили во Мирпур, град на пакистанската страна на Кашмир, соопшти агенцијата.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од Џелам, на околу 120 километри од главниот град Исламабад на релативно мала длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Војници со воздухопловни и медицински тимови за поддршка и помош, шатори и кујнска опрема, беа испратени во погоденото подрачје.

Најголема штета е предизвикана помеѓу градовите Џелам и Мирпур.

Премиерот Имран Кан изрази длабока загриженост за штетата предизвикана од земјотресот и ги упати сите оддели да обезбедат итна помош, соопшти пакистанската влада на Твитер.

Leave a Reply