Силен земјотрес во Либан и Сирија

Сподели со своите пријатели

Паралелно со земјотресот во Турција, тлото се затресе и во Левант, но многу послабо отколку на сириско-турската граница.

Loading...

Сеизмолозите ја измериле јачината на земјотресот во јужна Турција со јачина од 7,8, а последователниот 6,7 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Истовремено, магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала е забележана во Либан, а се почувствувала и во Сирија, Израел, Либан, Јордан, територијата под палестинската управа.

Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри од Ал Шеик Маскин во Сирија. Тресењето на земјата се почувствува и во Дамаск, главниот град на Сирија.

Последниот најразорен земјотрес што ги погоди Либан и Сирија се случи во 1956 година и беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Последиците од силниот земјотрес во Турција се почувствувани и на Кипар, Грција, северен Ирак, Грузија и Ерменија.

Дел од сеизмолозите сметаат дека овој земјотрес е продолжение на оној чиј епицентар е на три километри од градот Газинтеп и на длабочина од 10 километри.