Силен земјотрес во близина на Истанбул

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 27 јануари 2025 година во 11:43 часот, во западна Турција, недалеку од Истанбул.

Loading...

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 90 километри јужно од овој град, а жителите велат дека земјотресот бил добро почувствуван.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9,7 километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот синдикат во еднодневен штрајк