Силен земјотрес во Анкара: Луѓето избегаа на улиците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес е регистриран денес пред зајдисонце во турската престолнина Анкара, а според официјалното соопштение, јачината на земјотресот била 4,1 степен според Рихтеровата скала, објави ТРТ.

Земјотресот е почувствуван во областа Чанкаја, во областа каде што се наоѓа државната РТВ компанија ТРТ.

Луѓето во паника истрчаа од своите домови на улиците.

Видео снимки од луѓе кои во паника бегаат од ресторани и малопродажни објекти кружат и на социјалните мрежи.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На денешен ден, речиси 3.000 луѓе загинаа во терористички напад во САД

Според првите информации, земјотресот, кој е почувствуван во централниот дел на Турција, како што објави ТРТ, не предизвикал никаква штета.

Според податоците на Центарот за управување со катастрофи (АФАД), јачината на земјотресот била 4,1 степен според Рихтеровата скала, а длабочината на земјотресот во областа Калеџиќ била 11,08 километри.