Силен земјотрес од шест степени ја погоди Русија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала се случи на 445 километри од рускиот град Петропавловск-Камчатски, соопшти Геофизичката служба на Одделот за Камчатка на Руската академија на науките.

Loading...

– Епицентарот на земјотресот бил на 445 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 94,3 километри.

Магнитудата на земјотресот била шест степени – се наведува во соопштението.

Одделот на руското Министерство за вонредни ситуации во областа Сахалин соопшти дека земјотресот е регистриран во Тихиот Океан во 3 часот и 22 минути, на 150 километри јужно од Северо-Курилск и дека потреси со јачина од два степени биле почувствувани во тој град, пишува ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Според првичните информации, нема повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Од Секторот додаваат дека во тек е увид за потенцијални штети на градежни објекти.