Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди океанот меѓу Тонга и Самоа, објави EMSC.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 200 километри.
Бидејќи епицентарот е значително оддалечен од копното, нема информации за штети или повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на 362 километри од Апија, главниот град на Самоа и на 280 километри од малиот град Нејафу во Тонга.
Да потсетиме, Тонга беше погодена од силна ерупција на подводен вулкан во јануари. Експертите тврдат дека ова е најголемата ерупција во последните 30 години.
Драматичните слики од вселената го обиколија светот, а огромен облак од пепел, чад и оган се издигна 20 километри.
Ерупцијата предизвика и цунами. Британски државјанин е убиен во Тонга, а жртви има и надвор од Тонга.
Две лица на северниот брег на Перу се удавија поради многу високи бранови предизвикани од ерупција на подводен вулкан.
Повеќе од 20 перуански пристаништа се привремено затворени поради предупредувања за можни многу високи бранови.