Земјотрес со јачина од 4 степени ја погоди синоќа Грција.
Loading...
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу грчкиот град Коринт нешто по полноќ, објави Атинскиот геодинамички институт.
Земјотресот е почувствуван и во Атина, која е одалечена околу 60 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар југоисточно од Коринт на Пелопонез, на длабочина од шест километри, а засега нема информации за евентуални штети, објави противпожарната служба.