Силен земјотрес ја погоди Турција: Најмалку 35 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на западна Турција во близина на градот Дузча, на околу 210 километри источно од Истанбул.

Бил почувствуван во Истанбул, но и во главниот град Анкара. Најмалку 35 лица се повредени, соопштија властите.

Вториот земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран 20 минути по првиот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бурата Горети ја погоди западна Франција, оставајќи 380.000 луѓе без струја

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека нема информации за загинати.

Турската агенција за катастрофи соопшти дека 32 лица се повредени во Дузче, едно во Истанбул, едно во Зонгулдак на брегот на Црното Море и едно во Болу, на југоисток.