Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Вевак, главниот град на провинцијата Источен Сепик во Папуа Нова Гвинеја, објави Геолошкиот институт на САД (USGS).
Loading...
Земјотресот бил на длабочина од 44 километри, соопшти USGS. Вевак е населен со околу 18 илјади жители.
Засега нема информации за жртви и разурнувања.
Австралиското биро за метеорологија соопшти дека земјотресот не претставувал закана од цунами за Австралија.