Силен земјотрес ја погоди Калифорнија: Карпи паѓаа врз автомобили, следуваа уште 50 потреси (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Калифорнија, и предизвика лизгање на земјиштето во областа на планините Сиера Невада, а земјотресот се почувствува во речиси целата американска држава.

Најсилниот удар се случил во 15:49 часот по локално време, на околу 200 километри источно од Сакраменто.

 

Во следните два часа, Калифорнија ја потресоа уште 50 помали земјотреси, со јачина помеѓу 2,5 и 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Сеизмолошката служба на САД објави дека земјотресот е „резултат на нормално слегнување на тлото“, но дека нема поголеми шанси за појак земјотрес.

Земјотресот се случи на источниот раб на Сиера Невада, но очевидците пријавија потреси низ северна Калифорнија, вклучително и регионот на Сакраменто, а имаше луѓе што го почувствуваа земјотресот и во Сан Франциско.

 

Земјотресот активираше и свлечишта, па камењата паднаа на автопатот 395, каде што беа тешко оштетени неколку возила, но никој не беше повреден.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат камења кои се спуштаат од планината.

Во земјотресот официјално нема повредени.

 

Leave a Reply