Силен земјотрес ја погоди јужна Гватемала

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Гватемала, соопштија локалните власти, додавајќи дека нема извештаи за жртви.

Loading...

Земјотресот е регистриран во петокот во 23:52 часот по локално време, со епицентар во Тихиот Океан, соопшти Институтот за сеизмологија на Гватемала.

Земјотресот бил на длабочина од 48 километри и бил почувствуван на југот на земјата, како и во туристичкиот град Антигва Гватемала.

„Засега нема податоци за жртви и штети“, изјави за новинарите портпаролот на Цивилната заштита Родолфо Гарсија.