Силен земјотрес ја погоди Јава

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди во петокот брегот на индонезискиот остров Јава, на длабочина од 10 километри, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БКМГ).

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 132 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, соопшти БМКГ.

Земјотресите беа силно почувствувани во Источна Јава, нејзиниот главен град Сурабаја, како и градовите во соседните провинции, според многубројните објави на корисниците на социјалните мрежи во тие области.

Земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами.

Засега нема извештаи за штета.