Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска кај брегот на Индонезија, објави Европско -медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 228 километри југоисточно од градот Паданг со околу 840.000 жители, во провинцијата Западна Суматра, на длабочина од 40 километри, пренесува ТАС С.

Засега нема информации за повредени, ниту за материјална штета.

Не беше издадено предупредување за цунами.

Leave a Reply