Силен земјотрес го стресе Панама Сити

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес ја погоди престолнината на Панама во текот на кој се треселе облакодерите, а луѓето биле евкуирани од одредени згради.

АП наведува дека Геолошкиот институт на САД изнел првобитна проценка дека јачината на земјотресот била 4,7 степени според Рихтеровата скала, како и дека за сега нема информации за повредени.

Агенцијата пренесува дека поради потресот се активирале алармите на автомобилите и бил блокиран сообраќајот во локалното метро. Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во Панамскиот залив, на околу 83 километри југоисточн од Панама Сити.

 

Loading...