Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кувајт, соопшти Министерството за информации, пренесува Ројтерс.
Loading...
Министерството на Твитер објави дека „Националната сеизмичка служба на Кувајт забележала земјотрес со јачина од 5 степени југозападно од Ал Ахмади, а се случил точно во 04:28 часот по локално време, на длабочина од 5 километри“.
Кувајтската противпожарна служба соопшти дека земјотресот не предизвикал голема материјална штета, пренесе Ројтерс.