Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужната иранска покраина Керман.
Loading...
Според соопштението од Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран, земјотресот, со епицентар во градот Зехкелут во покраината Керман, е регистриран во 8:36 часот по локално време, пренесува Мехр.
Земјотресот се случил на длабочина од 28 километри под површината, а засега не се објавени информации за можни жртви и штети, според иранската агенција.