Курилските острови на Далечниот Исток денес беа погодени од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од шест километри и на растојание од 354 километри од Петропавловск-Камчатски.
Засега нема извештаи за можни жртви и материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.

