Силен земјотрес ги погоди Авганистан и Пакистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно девојче загинало, а 12 лица се повредени во пакистанската провинција Булаџистан кога се срушил кровот на кучита поради земјотрес кој ги погодил Пакистан и Авганистан.

Во силниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер, најмалку едно девојче е загинато, а 12 лица се повредени. Властите се уште ја проценуваат штетата.

На телевизиските станици објавени се снимки како Пакситанците во паника ги напуштаат своите работни места, домови и училишта.

Земјотресот се почувствувал и во главните градови на Авганистан и Пакистан, Кабул и Исламабад. Засега нема извештај за материјалната штета или други повредени.

Епицентарот на потресот е регистриран на североистокот на Авганистан, во близина на границата со Пакистна, на длабочина од 191,2 километри.