Силен руски напад врз Запорожје: Тројца повредени, над 7.500 потрошувачи без струја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 7.500 потрошувачи останаа без електрична енергија во Запорожје по руските напади, изјави денес началникот на регионалната воена администрација во тој град, Иван Федоров.

– Непријателот го нападна Запорожје. Избувна пожар. Како резултат на нападот, над 7.500 корисници останаа без електрична енергија – рече Федоров во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

 

 

Градскиот совет на Запорожје објави дека 16 згради се оштетени во рускиот напад.

– Една приватна куќа е значително оштетена, додека 15 други згради претрпеа помали штети, вклучувајќи две станбени згради и 13 приватни куќи – објави градскиот совет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Русија подготвува терен за напад врз членка на НАТО?

 

 

Руските сили го нападнаа Запорожје со беспилотни летала, а во нападите беа повредени тројца цивили.