„Силен одговор на САД, доколку Пјонгјанг спроведе проба“

Сподели со своите пријатели

Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман предупреди денеска дека ќе следи силен одговор од Вашингтон доколку Северна Кореја ја изврши првата нуклеарна проба по речиси пет години.

Loading...

„Секое нуклеарно тестирање би било целосно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ќе следи брз и силен одговор на таков тест“, рече Шерман во Сеул, по состанокот со заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјунг-донг, пренесува АП.

Американскиот функционер, кој е во Сеул на разговори со јужнокорејски и јапонски претставници, исто така рече дека „продолжуваат повиците Пјонгјанг да престане со своите дестабилизирачки и провокативни активности и да го избере патот на дипломатијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајфунот Усаги ги погоди Филипините, петта голема бура во последните три недели

Шерман и Чо планираат трилатерална средба со јапонскиот заменик министер за надворешни работи Мори Таке во среда за севернокорејското нуклеарно прашање, а нејзиното патување во Азија дојде откако Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел во морето од нејзиниот источен брег во неделата.

Во понеделникот, јужнокорејските и американските сили истрелаа осум проектили земја-земја во период од 10 минути, како одговор на осумте проектили лансирани од Пјонгјанг, пренесе агенцијата Јонхап.

Официјални претставници на САД и Јужна Кореја претходно изјавија дека Северна Кореја е на работ да изврши уште еден тест на нејзиниот полигон за нуклеарни тестирања во североисточниот град Пунгери, што последен пат беше направено во септември 2017 година, кога Пјонгјанг тврдеше дека детонираната термонуклеарна бомба била наменета за интерконтинентални балистички проектили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските власти ги забранија летовите над Хаити по инцидентот со Spirit Airlines и JetBlue

Администрацијата на Бајден вети дека ќе изврши притисок за дополнителни меѓународни санкции доколку Северна Кореја продолжи со нуклеарни тестови, но изгледите за нови санкции се неизвесни бидејќи Советот за безбедност на Обединетите нации е поделен околу војната на Русија против Украина.

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата предложена од САД, со која требаше да се воведат дополнителни санкции кон Северна Кореја поради нејзините претходни балистички тестови на 25 мај.

Loading...

По најновите севернокорејски лансирања, САД одржаа заеднички ракетни вежби со Јапонија и Јужна Кореја, за кои најавија дека имаат за цел да ја покажат нивната борбена готовност, пренесува АП.