Сикорски: Мирот има шанса во Украина ако Трамп ѝ се закани на Русија

Сподели со своите пријатели

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски оцени дека има реални шанси за мир во Украина ако Доналд Трамп победи на изборите во САД и ѝ се закани на Русија дека ќе ја зголеми помошта за Украина ако официјална Москва не седне на преговарачка маса и не потпише мировен договор.

Loading...

„Луѓето околу Трамп велат дека Украина не треба да биде принудена да го потпише договорот, туку само Путин. Можеби заканата од зголемување на помошта за Киев е начин да се стави крај на војната. Ако тоа размислување надвладее во САД, тогаш имаме шанса за мир. Трамп сака да победува, а капитулацијата пред Путин сигурно нема да биде победа“, изјави Сикорски за полскиот јавен ТВ сервис ТВПИнфо.

Шефот на полската дипломатија не сакаше да погоди како неуспешниот атентат на поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп ќе влијае на изборната кампања и гласањето.

„Без разлика кој ќе биде во Белата куќа, Полска ќе има добри односи со САД. За време на мојата посета на САД се сретнав и со луѓето на Трамп. Не сакаме да оставиме впечаток дека Полска навива за некој од кандидатите. Не ја правиме истата грешка како партијата Право и Правда, која сите свои чипови ги стави на Трамп“, рече Шикорски.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, во времето кога неговата партија Право и Правда беше на власт, долго време одбиваше да му честита на Џозеф Бајден за неговата победа над Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Денес, пак, полскиот претседател одби да коментира во интервју за порталот „Виртуелна полска“ кој е поблиску до победа, Бајден или Трамп и чија победа посакува.

Прашањето кој е претседател во САД го оценувам исклучиво низ призмата на интересите на Полска.

„А кога станува збор за интересите на Полска, сакам да нагласам дека бевме поддржани од сите тројца американски претседатели со кои имав можност да соработувам. Спроведувајќи ја политиката на својата земја, тие ги зајакнаа безбедносните гаранции на Полска“, рече Дуда.

Loading...

Полскиот претседател потсети дека на самитот на НАТО во Варшава во 2016 година, претседателот Барак Обама одлучи да испрати американски војници во Полска и да го зајакне американското воено присуство на источното крило на НАТО.

Дуда рече дека проблемите на Трамп со законот или возраста и кондицијата на кандидатот треба да бидат интересни за Американците, а не за Полјаците.

„За нашата земја е важно само она што го прават претседателите за зајакнување на безбедноста на Европа, а со тоа и на Полска“, рече Дуда.