Сијарто: Сите очи се насочени кон Алјаска

Сподели со своите пријатели

Оваа недела, сите очи се насочени кон Алјаска, бидејќи средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин би можела да биде одлучувачки чекор кон завршување на војната во Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со рускиот вицепремиер Денис Мантуров.

Loading...

„Денес разговарав со рускиот вицепремиер Денис Мантуров за политичките околности пред самитот. Ја потврдив позицијата на Унгарија: војната ќе се реши, не на бојното поле, туку на преговарачка маса“, напиша Сијарто на платформата X во понеделник.

Според него, договорот меѓу Америка и Русија нуди најдобра шанса за мир и затоа Унгарија ја поздравува средбата меѓу двајцата претседатели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полјански: Народ што преживеа Холокауст сега е подготвен да ги уништи Палестинците

„Секогаш сме повикувале на примирје, мировни преговори и одржување на отворени дипломатски канали, дури и кога бевме критикувани за ова од европските и поранешните американски политички лидери“, истакна Сијарто.

Како што рече тој, за жал, провоените политичари во ЕУ го користат секој ден до петок за да го поткопаат патот кон мирот и да го саботираат успехот на средбата меѓу Трамп и Путин.

„Унгарија сака самитот да успее, ќе ја обезбеди целата потребна поддршка и ќе направи сè за да ги спречи обидите за негово блокирање или саботирање“, нагласи Сијарто, пренесува Танјуг.