Сијарто: Ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО во парламентот

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот парламент ќе одлучи кога ќе расправа за ратификација на барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО, најави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Loading...

Тој на прес-конференција рече дека владата ја завршила својата работа со поднесување на соодветниот закон до парламентот, пренесува Ројтерс.

Унгарија и Турција се единствените членки кои се уште не ги ратификувале барањата за членство на Финска и Шведска во Северноатлантската воена алијанса, наведува британската агенција.

Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера по телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува Унгарија да го ратификува барањето на оваа нордиска земја за членство во НАТО.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром, исто така, изрази оптимизам дека тоа ќе биде

Унгарија да го ратификува и барањето на Шведска, откако тој пред неколку дена разговараше со својот унгарски колега Петер Сјарт.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина.