Транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ до Унгарија, кој беше прекинат поради украинскиот напад, продолжи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и економски односи со странски земји, Петер Сијарто.
„По украинскиот напад завчеравечер, испораките на нафта до Унгарија преку нафтоводот Дружба беа обновени во последните неколку минути. Му се заблагодарив на рускиот заменик-министер за енергетика, Павло Сорокин, за брзата санација на штетата предизвикана од нападот“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил.
Сијарто рече дека очекува Украина да не изврши уште еден напад врз нафтовод кој е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Оваа војна не е наша војна, треба да бидеме изоставени од неа!!!“, рече Сијарто.
Ова не е прв пат режимот во Киев да ја нападне инфраструктурата на „Дружба“.
Во март, украински дрон удри во мерна станица на нафтоводот, што доведе и до прекин на снабдувањето со руска нафта за Унгарија.
Генералштабот на вооружените сили на Украина ја презеде одговорноста за инцидентот.
Нафтоводот „Дружба“ започнува во Алметјевск, поминува низ Брјанск, а потоа се разгранува на два дела: северниот – низ територијата на Белорусија во правец на Полска и јужниот – низ територијата на Украина во правец на Унгарија, Словачка и Чешка.
Транспортот на руски суровини до Германија запре на почетокот на 2023 година, а во Полска – на крајот на февруари истата година. Останатите земји ја добиваат својата нафта преку јужниот крак на цевководот.