Победата на националистичкиот кандидат на опозицијата на изборите во Полска, Карол Навроцки, носи „нова победа за (европските) патриоти“, објави на Фејсбук унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесува Ројтерс.
Тој му честиташе на Навроццки, кој победи на вчерашниот втор круг од претседателските избори со 50,89 проценти од гласовите, според податоците од Полската изборна комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.
Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал, градоначалникот на Варшава, Рафал Цашковски, освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.
Излезноста била 71,6 проценти. Навроцки е независен кандидат поддржан од опозициската партија Право и Правда, додека Цашковски е кандидат на владејачката Граѓанска коалиција.
Во првиот круг, 31,92 проценти од гласачите гласаа за Цашковски, а 30,62 проценти за Навроцки.
Право на глас имаа повеќе од 29 милиони граѓани.