Сијарто: ЕУ ги игнорира европските земјоделци, фокусирана само на Украина

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денес изјави дека Европската Унија покажува интерес првенствено за Украина, а не за проблемите на европските граѓани.

Сијарто на Фејсбук изјави дека европските, вклучително и унгарските, земјоделци биле погодени од „брутално намалени“ субвенции и дека Европската комисија ѝ овозможила на Украина да ја преплави Централна Европа со жито со низок квалитет, објави МТИ.

Тој предупреди дека планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Јужна Америка дополнително ќе ги загрози европските земјоделци, бидејќи ќе дозволи неограничен увоз на земјоделски производи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над милион Украинци без вода и греење

„Унгарија протестира против таа одлука и утре ќе гласаме против неа за да ги заштитиме интересите на унгарските земјоделци“, рече Сијарто.