Сијарто: До крајот на годинава го очекуваме вториот круг од мировната конференција за Украина

Сподели со своите пријатели

Според очекувањата, оваа година би можело да се одржи втората рунда од мировната конференција за решавање на конфликтот во Украина, а на неа претставник треба да има и Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и економски односи со странство Петер Сијарто.

Loading...

„Како што разбравме, се прават напори следната рунда на мировната конференција да се одржи оваа година, што секако би го поздравиле и цениме“, изјави Сијарто за РИА Новости.

Воедно, тој го истакна големиот придонес на Швајцарија во организацијата на конференцијата.

„Ние го почитуваме тоа што Швајцарците вложија големи напори за да се дојде до мирно решение. Но, очигледно е дека ако само една од двете завојувани страни седне на маса, успехот ќе биде многу ограничен“, рече Сијарто.

Унгарскиот министер изјави и дека за да биде успешна идната мировна конференција мора да се обезбеди застапување на двете страни.

Конференција за Украина во Бургенсток, Швајцарија, се одржа од 15 до 16 јуни, но без учество на Москва.

Кремљ изјави дека барањето решение за украинскиот конфликт без учество на Русија е апсолутно нелогично и залудно, пренесува РИА Новости.