Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, во видео објавено на социјалните мрежи, остро го осуди мешањето на странските сили во внатрешната политика на Унгарија.
Тој привлече внимание на фактот дека Брисел има намера да продолжи да се меша во внатрешните работи на земјите-членки и се обидува да влијае на судбината на Унгарија преку донесување одлуки под контрола на унгарската влада.
– Брисел сака да се меша и во внатрешните работи на земјите-членки, а тоа е случај и во Унгарија, каде што веќе именуваа кого сакаат да видат во владата – рече Сијарто, како што објави порталот Хирадо.
Министерот изјави дека Унгарија е против тоа парите на европските даночни обврзници да се трошат за мешање во внатрешната политика и јасно стави до знаење дека ЕУ не може да прифати одлуки што го нарушуваат суверенитетот на земјите-членки.
– Ние го отфрламе ова. Го отфрламе фактот дека Брисел ги троши парите на европските даночни обврзници за мешање во домашната политика насекаде во светот – додаде Петер Широто.
Сијарто, исто така, истакна дека, иако некои често ги критикуваат САД за мешање во европските работи, всушност, под претседателот Трамп, американската влада ја прекина практиката на обиди за влијание врз политичките процеси на другите земји преку финансиски средства.
– Слушнав смешна жалба за начинот на кој САД се мешаат во внатрешните работи на разни европски земји. Мислам дека ова е смешно бидејќи претседателот Доналд Трамп го прекина грубото мешање на владата на Соединетите Американски Држави во внатрешните политички процеси на многу земји низ целиот свет со американски финансиски ресурси – рече Сијарто.
Министерот тврди дека пред унгарските парламентарни избори во 2022 година, под претходното американско раководство биле примени 10 милиони долари од САД за поддршка на кампањата на опозицијата.