Сијарто: Без руска нафта нема гаранции за непречено функционирање на економијата

Сподели со своите пријатели

Унгарија не може да гарантира непречено функционирање на економијата без руска нафта, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Loading...

За време на работната посета на Казахстан, тој рече дека Унгарија гласала за секој пакет санкции на ЕУ против Русија, но дека и покрај тоа секогаш се соочува со неправедни приговори од Унијата, пренесува Интерфакс.

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Тој објасни дека противењето на Унгарија на санкциите за рускиот гас и нафта не е политичка одлука, туку прашање на енергетската безбедност на земјата, наведувајќи дека Унгарија добивала 65 отсто од нафтата од Русија преку нафтоводот Дружба.

„Во овој момент, без руска нафта, не можеме да гарантираме непречено функционирање на нашата економија. Морам да напоменам дека немаме на располагање друга рута што би можела да нè снабдува со потребната количина нафта“, посочи Сијарто.

 

Loading...

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Тој нагласи дека Унгарија ја поддржува иницијативата на Европската унија за енергетска диверзификација, но оцени дека воведувањето санкции за руската нафта може да ја попречи Унгарија да го започне проектот.

„Ние работиме на овој проект, така што ја зголемивме количината на нафта што доаѓа од Казахстан на 16 отсто“, рече Сијарто.

 

Западни претставници: Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај

 

Тој додаде дека нафтата од Казахстан доаѓа само преку Русија и дека доколку се воведат санкции кои ја спречуваат испораката на нафта од Русија, Унгарија нема да може да започне со диверзификација на изворите на енергија.

Loading...