Сијамски близнаци добиле работа од соништа: Родителите ги напуштиле кога биле бебиња, а лекарите не сакале да ги разделат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишните сијамски близнаци, кои биле напуштени од нивните родители кога биле бебиња во индискиот Пенџаб, ја добиле својата прва работа.

Loading...

Државната компанија за електрична енергија Пенџаб (PSPCL) им понудила работа како електричар, пишува Independent.

Близнаците  Сона и Мона Синг ќе земаат плата посебно.

 

 

Сијамските близнаци кои живеат во градот Амритсар изјавиле дека ова е нивната работа од соништата. Воспитувачите во прифатилиштето каде што пораснале откако биле напуштени како двомесечни бебиња, велат дека момчињата се уште се заинтересирани за поправка на електрични уреди.

Тие се заблагодарија на сите што им помогнале да се образуваат и да се вработат и порачаа дека ќе работат искрено и посветено.

Loading...

На близнаците, кои се родени во Њу Делхи во 2003 година, лекарите им кажале дека имаат две срца, две раце, бубрези и ‘рбетниот мозок, но имаат заеднички црн дроб, жолчен меур, слезина и пар нозе.

Лекарите одбиле да ги разделат, велејќи дека постапката е премногу ризична и може да доведе до смрт на едно од близнаците.