Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс ја продолжија мерката за затворање на јавниот живот во главниот град Сиднеј за уште еден месец откако не беше запрено ширењето на делтата варијанта на коронавирусот.
Ограничувањата требаше да бидат укинати во петокот, на 30 јули, но сега се продолжени до 28 август, изјави премиерот Гладис Береџиклијан пред новинарите во Сиднеј.
Вкупно 177 нови случаи на инфекција биле откриени во Нов Јужен Велс, а вчера имало 172.

