Сиднеј: Карантинот до септември, полициски час и задолжително носење маски на отворено

Сподели со своите пријатели

Во Сиднеј, мерката за „локдаун“ или карантин беше продолжена до септември, а денес беа воведени построги мерки за контрола на делта сојот од корона вирусот, вклучувајќи полициски час и задолжително носење маски на отворено.

Сојузната држава Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, објави 642 локално преносливи инфекции во последните 24 часа, наведувајќи дека е четврти последователен ден кога бројот на заразени надминува 600.

Сиднеј е заклучен од крајот на јуни, откако беше регистриран првиот случај на инфекција со многу заразен вид на делта сој.

Оттогаш, 65 луѓе починаа од корона вирусот во Нов Јужен Велс.

Заклучувањето во Сиднеј требаше да заврши на 28 август, но владата објави дека ќе го продолжи до 30 септември.

Полицискиот час се воведува од понеделник и ќе трае од 21.00 до 5.00 часот, а ќе важи за предградијата на Сиднеј, каде што има најмногу заразени.

Маските ќе бидат задолжителни насекаде на отворено.